30/12/2017 14:29
•
Posted by: MK News
Дете кое си играло со шпорет можеби го предизвикувало пожарот во зградата во Њујорк во кој загинаа 12 лица, меѓу кои и четири деца. – Според истрагата, тригодишно дете кое не било под родителски надзор го запалило пожарот на првиот кат од зградата, кој потоа брзо се проширил на горните катови – изјавил портпаролот на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2017 13:15
•
Posted by: MK News
Турските власти, во изминатите 48 часа, приведоа најмалку 200 осомничени членови на „Исламска држава“ кои се обвинети за планирање напади за време на новогодишните празници. Полицијата изврши рација во 14 различни окрузи, при што приведе 124 осомничени за врски со ИД во четвртокот, и уште 77 денеска, јави Анадолија. Меѓу приведените има странци. Полицијата конфискувала […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2017 12:52
•
Posted by: MK News
Поларниот бран кој што ја зафати Канада би можел да трае до почетокот на новата година, предупредуваат метеоролозите. Страшен студ ја зафати речиси целата територија на Канада каде што досега биле измерени температури и од -40°C, а тамошните служби предупредија дека големиот поларен бран ќе трае и во следните неколку дена. Канадските власти ги предупредуваат […]
______________________________________________________________________________________________________
29/12/2017 12:50
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, соопштил дека вчера во пожарот кој зафатил зграда во Бронкс, загинале 12 лица, вклучувајќи и 1-годишно бебе, додека лекарите се борат за животите на четири лица. “Би можеле да изгубиме и други луѓе”, рекол Де Бласио. Се наведува дека тоа, според бројот на жртвите, е најлошиот пожар во Њујорк […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2017 12:16
•
Posted by: MK News
Познатата актерка и нејзината сестра во моментов се наоѓаат во болница и двете во критична состојба. Сѐ уште не се знае дали ќе преживеат. Џесика Фалкхолт која е позната по улогата во серијата “ Black mirror” и нејзината сестра Анабел моментално се наоѓаат во болница, а докторите се борат за нивните животи после сообраќајната несреќа […]
______________________________________________________________________________________________________
28/12/2017 12:10
•
Posted by: MK News
Претседателот на Русија Владимир Путин експлозијата во продавницата во Санк Петербурк ја нарече терористички напад и изјавил дека наредил на службите да се однесуваат во склоп на законот за апсења на криминалците, но во случај да бидат загрозени животните на преставниците на законот не треба да бидат уапсени, туку да бидат застрелани на лице место. […]
______________________________________________________________________________________________________
27/12/2017 23:25
•
Posted by: MK News
Шефот на германската Сојузна агенција за работа бара Германија да изготви законско решение со кое ќе се овозможи земјата да прима околу 300.000 квалификувани работници надвор од Европската Унија секоја година како би се задоволиле потребите на домашната индустрија. „Законот за доселување не би имал ништо со бегалците кои би доаѓале во земјата од хуманитарни […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2017 19:41
•
Posted by: MK News
Свештеник почина за време на миса којашто тој ја предводел на Бадниковата вечер во црква во Бретања на северозападот на Франција. Тој имал 45 години, како причина за смртта се наведува срцев удар. На свештеникот му се слошило уште на почетокот на мисата. А, кога колабирал, лекарите од Брза помош не успеале да го реанимираат, […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2017 19:31
•
Posted by: MK News
Првиот кинески цар Чин Шихуанг им наредил на своите слуги да му пронајдат еликсир на бесмртноста, стои во две илјади години стар текст, откриен во археолошко пронаоѓалиште во Кина. Имено, тој наредил изградба на огромен подземен мавзолеј, со речиси 8.000 војници, со цел да го чуваат во „задгробниот живот“. Оваа „војска“ била откриена во 1974 […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2017 19:29
•
Posted by: MK News
Во еден од градските паркови во престолнината на Казахстан, Астана, се запали новогодишната елка. Пламенот изби во раните утрински часови, а пожарот е изгаснат половина час подоцна. Во текот на овој инцидент немаше повредени.
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2017 19:26
•
Posted by: MK News
Карли Велс била со својата четиригодишна ќеркичка фреја кога таа починала. Аутопсијата потоа покажала дека малото девојченце починало поради лекарска грешка. Оваа мајка си ја отвара душата и низ болка и тага раскажува што се случило во болницата. Нејзината ќерка имала три дена проблеми со повраќање, па откако ја однеле во болница, докторот се однесувал […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2017 19:25
•
Posted by: MK News
Една од најпознатите јасновитки, Баба Ванѓа пред својата смрт во 1996 година предвидела каква ќе биде годината која ни претстои. Таа за 2018 година рекла дека ќе биде бурна на политички план и дека две работи може да го променат светот. Според неа, Кина ќе стане новата светска велесила која ќе ја сруши моќта на […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2017 19:22
•
Posted by: MK News
Сопствениците на автомобили во Австрија ќе бидат казнети ако ги остават автомобилите на улица со стартуван мотор додека ги чистат од снег и мраз. Санкцијата доаѓа откако локалните еколози инсистирале дека ваквите постапки предизвикуваат сериозна штета на животната средина. Според податоците на изданието Kronen Zeitung, кој цитира соопштение на Австрискиот автомобилски клуб (ÖAMTC), ако возачот […]
______________________________________________________________________________________________________
26/12/2017 19:12
•
Posted by: MK News
Од Facebook истакнале дека повеќето од заразените содржини од веб-страницата се отстранети. Истражувачите од безбедносната компанија „Тренд Микро“ ги предупредуваат корисниците на новите ботови за вадење криптовалути, кои се шират преку Facebook Messenger и цел им се корисниците на Google Chrome, да го искористат бранот на неодамнешните цени на криптовалутите. Наречен Digimine, Monero ботот за […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2017 14:55
•
Posted by: MK News
Нова дрога почна да се шири во Русија, а најранлива група се жени кои на крајот се бават со илегални работи за да дојдат до нова доза. Во Русија ја нарекуваат „сол“, а во САД „сол за бањање“ или „психоактивна сол за бањање“. Во САД се продава преку интернет, а главната состојка е МДПВ, односно […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:54
•
Posted by: MK News
Јапонија вработува нинџи – плата 1.400 евра. Сепак, доколку се одлучите да конкурирате за оваа работа, не плашете се, нема да спроведувате тајни задачи, ниту пак ќе извршувате атентати, туку ќе бидете туристички водич во кругот на древниот дворец Нагоја во префектурата Аичи. Нинџите ќе треба да научат да вршат акробации својствени за нив, а […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2017 15:34
•
Posted by: MK News
На 70 пожарникари се одидуваа да го изгаснат пожарот кој изби денеска во Зоолошката градина во Лондон, а засега нема информации дали некое животно е повредено. Пожарот избил во кафулето и продавница во Зоолошката градина, соопшти пожарната служба. Во нивниото соопштение се додава дека пожарот сега е под контрола, но пожарните служби ќе останат на […]
______________________________________________________________________________________________________
21/12/2017 16:10
•
Posted by: MK News
Нов скандал со млеко за бебиња на францускииот гигант за млечна индустрија „Лакталис“. Втор пат месецов од пазарот отстранети се милиони производи ширум светот. Како и минатата седница, производите за бебе се повлечени откако се покажало дека се заразени со салмонела. „Лакталис“ преку соопштение им се извини на потрошувачите и наведе дека истрагата потврдила дека […]
______________________________________________________________________________________________________