Родителите починале на лице место – докторите се борат за животот на познатата актерка


Познатата актерка и нејзината сестра во моментов се наоѓаат во болница и двете во критична состојба. Сѐ уште не се знае дали ќе преживеат.

Џесика Фалкхолт која е позната по улогата во серијата “ Black mirror” и нејзината сестра Анабел моментално се наоѓаат во болница, а докторите се борат за нивните животи после сообраќајната несреќа во која животот го изгубија нивните родители.

Според пишувањата на странските медиуми несреќата ја предизвикал автомобил кој возел во спротивна насока. Ларс и Вивиен Фалкхолт починале на лице место, исто така и возачот на другиот автомобил.

Познатата актерка полицијата ја извлекла од автомобилот во моментот кога се почнал да гори.

Џесика Фалкхолт глуми во во серијата “Home and away”, а неодамна го сними и филмот “Harmony” чија премиера би требало да биде наредната година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1