15/09/2017 12:29
•
Posted by: MK News
Војник од операцијата „Сентинел“, која е дел од антитерористичката мисија во Франција, беше нападнат од маж вооружен со нож. Војникот реагирал брзо и напаѓачот бил совладан. Нема повредени во инцидентот. Нападот се случи рано изутрина на метро-станицата „Шатле“. Според полициски извори, напаѓачот при инцидентот „го споменал Алах“. Ова е седми напад врз војници од операцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 20:39
•
Posted by: MK News
Илјадници луѓе секоја година доаѓаат во градот Меделин во Колумбија за да ја видат масата на која Ескобар го изел последниот оброк или скутерот кој е целиот издупчен од куршуми. Бројот на туристи значајно се зголемил со почетокот на емитувањето на серијата „Наркос“ на стрим-сервисот „Нетфликс“. Куќата во која Ескобар го изел последниот оброк, како […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 13:10
•
Posted by: MK News
Бразилската полиција денеска го уапси извршниот директор на најголемата компанија во светот за преработка на месо „ЈБС“, осомничен за давање поткуп и за инсајдерско тргување заради профит од зделка, склучена претходно, оваа година. Извршниот директор на „ЈБС“ Весли Батиста и неговиот брат Жоесли, поранешен шеф на компанијата, во мај склучиле договор со Обвинителството, во рамки […]
______________________________________________________________________________________________________
14/09/2017 13:05
•
Posted by: MK News
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на државните институции да ги отстранат софтверските производи на „Лабораторија Касперски” од своите компјутерски системи, бидејќи се стравува дека оваа фирма со седиште во Москва би можела да е под влијание на Кремљ. Министерството за внатрешна безбедност издаде директива кон другите оддели да направат попис на сите […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 16:25
•
Posted by: MK News
Ловците на урагани го снимиле „окото“ на Ирма додека со авион летале над разорниот ураган кој беснееше на Карибити, Куба и Флорида. Капетанот Фил Бланчер управувал со авионот во мисија на собирање на метеоролошки податоци кои ќе помогнат во предвидување на идното движење на ураганот Ирма. На Флорида има популација од околу 5,6 милиони луѓе, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/09/2017 13:43
•
Posted by: MK News
Околу 600 илјади згради може да се урнат во Истанбул во случај на голем земјотрес за што научници одамна предупредуваат дека се очекува во тој реон, објави весникот Хуриет дејли њуз. Тоа го изјави министерот за животна средина Мехмет Јозхасеки. Министерот додаде дека научниците прогнозираат во Истанбул голем земјотрес во следните 15 до 30 години […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:26
•
Posted by: MK News
Среде природната непогода, која ја погоди Флорида, налетот на ураганот Ирма, во една куќа во Мајами се роди девојче. Бебето е родено во родителскиот дом, со помош на советите, кои лекарите на мајката и ги давале преку телефон. Пожарникарите на Мајами не можеле на време да дојдат до мајката, во предградието Мал Хаити, поради ураганот […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:17
•
Posted by: MK News
Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, изјави за Си-Би-Ес, дека повеќе нема да се кандидира за политички функции, но дека планира да остане ангажирана во политиката. Клинтон го даде интервјуто еден ден пред да биде објавена нејзината книга „Што се случи“, каде е анализирана ланската предизборна кампања. Таа посочи, дека нема да се бори […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:16
•
Posted by: MK News
Снимката од Мајами пред и после ураганот Ирма најдобро покажува каква штета направи во градот. Улиците од Мајами се поплавени, дрвата искорнати, а уништени се и водовите со струја, поради што над 4 милиони луѓе останаа без струја. Неколку луѓе загинаа. Поплавен е и аеродромот во Мајами, кој е најголем на Флорида и кој нема […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 15:02
•
Posted by: MK News
Повеќето урагани кои во последно време ја погодија Америка настанале на исто место – станува збор за локација во близина на брегот на Ападна Африка, во близиа на Капе Веедеа. Еве што се случува таму, а целиот приказ погледнете го во видеото: На точно тој дел доаѓа до „судир“ на две потполно различни појави – […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 14:56
•
Posted by: MK News
Ирма е најсилниот ураган во историјата откако се започнати мерења над Атлантскиот Океан, но не и прв кој ја погоди Флорида. Во август 1992 година Флорида била погодена од ураганот Ендрју, од кој загинаа 65 лица, оштетени се над 120.000 куќи, а целосно се уништени околу 20.000 домови. Ураганите се метеоролошка појава која се состои […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2017 14:46
•
Posted by: MK News
Разорната моќ на ураганот Ирма доведе до тоа водата на крајбрежјето на Бахамите да се повлече многу повеќе откоку претходно, откривајќи го калливото дно. -Не можам да поверувам. Ова е Лонг Ајленд на Бахамите, и водата од океанот исчезна, напиша еден корисник на социјалната мрежа Твитер. Друг корисник објави фотографиа од празна плажа на друга […]
______________________________________________________________________________________________________
07/09/2017 15:38
•
Posted by: MK News
Билансот на жртвите од ураганот Ирма се искачи на 10 лица, јави Си-Ен-Ен. Најмалку осум лица загинаа, а две се потешко повредени на островите Свети Мартин и Свети Вартоломеј, едно лице загина на Ангвили, а двегодишно дете го загуби животот на Барбуди. На погодените острови уништена е речиси целата инфраструктура, а материјалната штета е огромна. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2017 15:57
•
Posted by: MK News
Најмалку четири лица се повредени денеска кога тинејџер отвори оган и фрли димни бомби во училиште во местото Ивантејевка, во московскиот регион, соопшти руското Министерство за внатрешни работи. Според првичните информации, во едно училиште во Ивантејевка, ученик на 15-годишна возраст фрлил димни бомби и пукал во воздух, изјави портпарол на руското МВР. Тој истакна дека […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2017 23:28
•
Posted by: MK News
Еден од најбараните италијански мафијаши е уапсен во Уругвај по 23 години минати во бегство, соопшти денеска италијанскиот министер за внатрешни работи Марко Минити. Мафијашкиот шеф Роко Морабито од страна на италијанските власти се бара по обвинение за членство во криминална група, трговија со дрога и други сериозни злосторства. Морабито кој се занимава со криумчарење […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2017 23:27
•
Posted by: MK News
Се омажи ќерката на њујоршкиот крал на недвижности и еден од најбогатите луѓе во свет (552-ри на листата најбогати), Џеф Сатон, за што беше приредена церемонија од 25 милиони долари. На свадбата, која се одржала на Јадранот, во јужна Италија, имало 400 гости. Невестата Рене Сатон, која судбоносното „да“ го кажа на Елиот Коен, била […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2017 23:17
•
Posted by: MK News
Приватниот живот на рускиот претседател Владимир Путин пак се најде во центарот на вниманието откако неговата наводна партнерка Алина Кабаева се појави со прстен на раката во Италија. Гламурозната Алина Кабаева престојувала во јадранското одмаралиште Песаро на редок јавен настап откако е најавена како амбасадорка на Светскиот ритмички гимнастички шампионат. Веќе 10 години се шпекулира […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2017 22:51
•
Posted by: MK News
Јапонската принцеза Мако и официјално ја објави својата свршувачка за еден „обичен“ граѓанин, откако за тоа добила согласност од јапонскиот император Акихито, нејзиниот дедо. Ваквата одлука значи дека Мако се откажува од својот досегашен ројалистички статус, што значи дека нема повеќе да биде принцеза, не ќе може да живее во империјалната палата и ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________