Чак Норис против Хилари Клинтон


Околу 100 холивудски актери и музичари, од Лена Данам до Моби, ја потпишаа петицијата против она што го нарекуваат „идеологија на омразата“ на републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, пренесе АФП.cak-noris-barak-obama

– Ние сме коалиција на уметници која се придружи на милионите Американци во настојувањето да го поразат републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп. Веруваме дека наша одговорност е да ги искористиме расположливите средства за да го свртиме вниманието на опасноста што би ја донел доколку Трамп се најде на местото на претседател, како и на реалните и моменталните закани на неговата кандидатура – истакнуваат потписниците.

Петицијата, меѓу останатите, ја потпишаа и актерките Кери Вашингтон, Џулијан Мур, Патриша Аркет, Џејн Фонда, актерот Вуди Харелсон, како и музичките ѕвезди Расел Симонс, Мајкл Стајп од Р.Е.М., диџеј Спуки.

Со желба да го свртат вниманието на потенцијалните закани, потписниците предупредуваат дека Трамп сака да ја врати земјата во времето кога „стравот беше оправдано насилство, кога алчноста ја поттикнуваше дискриминацијата и кога државата предрасудите против маргинализираните заедници ги внесе во законот“.

Гласачите, сметаат актерите и музичарите, треба да го „искористат своето право на глас и правото на гласање за да го поразат Доналд Трамп и идеологијата на омраза што ја застапува“.

Хилари Клинтон има зад себе цела војска на поп, ар-ен-би и соул музичари. Зад Хилари застанаа ѕвездите како Барбра Стрејсен, ја поддржуваат Бијонсе, Фарел Вилијамс, Кејти Пери, Кристина Агилера, Мараја Кери, Морисеј, Стинг, Фифти Сент, Џенифер Лопез, Ричард Гир и Снуп Дог, како и модните икони креаторката Вера Венг и уредничката на магазинот „Вог“ Ана Винтур.

Еднакво долга е и листата на музичарите кои издале соопштение за јавноста дека не го поддржуваат републиканецот Доналд Трамп кој ги користи нивните песни, како Адел, Стив Тајлер од „Аеросмит“, кој му се обрати со писмо од адвокат, и Мајкл Стајп од Р.Е.М.

Но, затоа, пак, Трамп, го поддржуваат Чак Норис, Мајк Тајсон, Стивен Болдвин, Денис Родман, Халк Хоган и Чарли Шин. Освен поранешната потпретседателска кандидатка Сара Палин, поддршка му даде и поранешниот претседател Џими Картер.

Претседателските избори во САД ќе бидат одржани на 8 ноември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1