Белград: Гром удрил во прељубници додека воделе љубов, сопругот дознал на бизарен начин!


Маж на 33-годишна возраст и жена (36) од Белград се повредени кога ги удрил гром додека воделе љубов на Ада Циганлија.

Љубовниците страдале под врбата во понеделникот вечер кога големо невреме го зафати Белград. Екипата на Брзата помош ги одвела со изгореници целосно голи во болница. По укажаната помош, мажот бил пуштен дома, додека жената била задржана на лекување. Дежурниот лекар потврдил дека жената е сместена на интензивна нега, но дека животот не ѝ е загрозен.grom

– Пациентката е свесна, може да јаде и да комуницира со персоналот. Повредите со кои се здоби се тешки, но очекуваме брзо да закрепне. Посетите засега не се дозволени, но за неколку дена роднините и пријателите ќе можат слободно да ја посетуваат – потврдил дежурниот лекар во болницата.

Сепак, за тука да не биде крајот, непосредно по приемот на повредените љубовници, во болницата се случил скандал. Помлад господин дошол во болницата и се распрашувал за здравствената состојба на жената. Персоналот на болницата му соопштил на господинот на кое одделение се наоѓа повредената жена и потоа го замолил да ја преземе нејзината облека. Меѓутоа, меѓу женските работи, коишто ги преземал господинот, била и машката облека. Кога му објасниле дека работите му припаѓаат на нејзиниот сопруг, тој вчудоневидено рекол: „Јас сум нејзиниот сопруг!“.

Тогаш морале да му соопштат дека неговата сопруга е повредена во моментот додека во природа водела љубов со колегата од работа. Според тврдењата на извор, мажот се здобил со полесни повреди, пишува „Србијаденес“:

„Жената гола лежеше во тревата, додека мажот во моментот на ударот на громот беше на колена. Се испостави дека електрицитетот само прошол низ неговото тело, а потоа удрил во неговата гола колешка. Мажот имал повеќе среќа и се здобил само со полесни повреди, додека неговата партнерка го извлекла подебелиот крај.“

Оваа прикзна за љубовниците веќе со години кружи низ Белград, а многумина претпоставуваат дека е во прашање урбана легенда.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1