Чарли Шин даде директна изјава: „Дојдов тука да откријам дека сум ХИВ позитивен“ и пркосно додаде дека повеќе нема да им дава милиони долари на пријателите за да го купи нивното молчење.
Познатиот актер од серијата „Два ипол мажи“, изјавил дека 4 години знаел дека е ХИВ позитивен и дека на неколку луѓе им ја признал вистината за која подоцна бил уценуван да не се открие.
Шин искрено прозборе и за моментот кога дознал за дијагнозата, велејќи дека помислил како има тумор на мозокот.
Што се однесува на заразувањето на останатите, Шин изјави дека ги предупредил сите негови сексуални партнерки на време и дека само со две од нив имал незаштитен секс, но тие биле „под грижа на неговиот доктор“.
Актерот додал дека не знае како се заразил, но дека чувствува „одговорност да се подобри и да им помогне на другите“.