Крим денес гласа на референдум – жителите на полуостровот треба да се изјаснат дали се за отцепување од Украина и приклучување кон Русија.
Властите во Киев бараат итно повлекување на руската војска и се закануваат дека ќе возвратат со сите средства за да ја спречат руската воена инвазија.
Американскиот разурнувач Тракстун ќе изведе дополнителни вежби со своите сојузници во Црното Море, во близина на Крим, најави заповедникот на воениот брод Ендру Биен. Според него, вежбите ќе претставуваат дополнителен меѓународен одговор на руските акции во Украина.
САД и нивните европски партнери брзо ќе реагираат на одржувањето на референдумот за присоединување на Крим кон Русија со нови санкции, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјава која ја даде Џеј Карни, портпарол во Белата куќа.
Тој истакна дека администрацијата на САД и понатаму се надева дека Русија ќе го избере патот кој е во склад со нормите на меѓународното право.
Карни, сепак, призна дека ситуацијата отишла предалеку, бидејќи референдумот на Крим ќе се одржи веќе на 16 март.