На крај, Курт Кобејн порача мир, љубов, сочувство, Чавез молеше да не умре, Џек Даниел замоли за уште една пијачка, а Толстој се распрашуваше за селаните.
– Не ме прашувајте како сум! Ништо повеќе не разбирам.
Ханс Кристијан Андерсен
– Простете господине. Не беше намерно.
Марија Антоанета (пред да биде погубена, откако случајно го згазнала џелатот дури се движела кон гилотината)
– Не сакам ништо освен смрт.
Џејн Остин (кога сестра и Касандра ја прашала дали и треба нешто)
– Кој е? Кој е?
Били д Кид
– Не сакам да умрам. Ве молам, не давајте да умрам.
Чавез
– Долго не сум пиел шампањ.
Антон Чехов (докторот му дал шампањ откако увидел дека се безуспешни сите обиди да му се ублажат симптомите од туберкулозата)
– Смачено ми е од сè.
Черчил (пред да западне во кома, а починал девет дена подоцна)
– Подобро да изгориш отколку да избледеш…Мир, љубов, сочувство.
Курт Кобејн (во пораката што ја напишал пред да се самоубие)
– Каде ми е часовникот?
Салвадор Дали
– Колку е часот?
Кемал Ататурк
– Уште една, последна пијачка, ве молам.
Џек Даниел
– На земја!
Чарлс Дикенс (доживеал инфаркт близу својот дом и побарал да го легнат на земја)
– Го навредив Бог и човештвото затоа што мојата работа не го достигна потребниот квалитет.
Леонардо да Винчи
– Но селаните… како умираат селаните?
Лав Толстој
– Збогум. Ако се сретнеме…
Марк Твен
– Умирањето е лесно, комедијата е тешка.
Џорџ Бернард Шо