Македонскиот фудбалски шампион Вардар реванш мечот од Купот на Македонија против Металург нема да може да го игра на „Филип Втори” откако управата на стадионот ги информирала и црвено-црните и Работнички дека следи реновирање на теренот, кој е во очајна состојба.
Секое утро стотици чавки слетувале на теренот и го јаделе семето. Тоа било причината за катастрофалните услови на тревната подлога на која сите се жалат
„Теренот е катастрофа“. Оваа реченица може да се слушне од сите екипи и селекции кои гостуваат во нашата земја и кои треба да играат на Националната арена „Филип Втори“. И покрај тоа што пред неколку месеци нашиот стадион доби нова тревна површина, сепак, истата е во катастрофални услови.
Причината за тоа се чавките, кои секојдневно слетуваат на теренот на нашата „Арена“ и го уништуваат. И покрај тоа што секојдневно се полива и се одржува, сепак, тој и натаму е во катастрофална ситуација.
Oколу 30 дена ќе биде санирањето на теренот, па затоа денеска Работнички својот дуел од 8. коло во Првата лига против Турново ќе го игра во Ѓорче Петров, а за дуелот на Вардар се Металург се шпекулира со стадионот „Борис Трајковски” во Маџари, но во опција е и „Билјанини извори” во Охрид, јавува МКД.МК.
Mkd.mk/ Sport.com.mk