На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој пред неколку месеци доживеа срцев удар, полицијата не дозволува блиските да му достават лекови во Кривичниот суд.
Чавков изутринава е уапсен по налог на Јавното обвинителство. Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот. Полицијата не дозволила блиските да му достават лекови во Кривичниот суд.
Според првичните сознанија, Чавков е уапсен во врска со истрагата за насилствата во Собранието од 27 април, кога раководеше со оперативниот штаб на МВР.