Ова е името на еден од убиените кај Чешма, на вториот засега не се открива


Познат е идентитетот на разбојниците кои беа убиени при напад и грабеж на менувачница во Кисела вода. Првиот е 32 годишниот Димитар Блажевски од скопската населба Бардовци е еден од убиените во вчерашниот обид за грабеж во менувачница во скопска Кисела Вода. Идентитетот на вториот разбојник до вчера не им бил познат на истражителите.

Според неофицијалните информации, полицијата знае за кое лице се работи но не можела со сигурност да потврди со оглед на тоа што многу личел со својот брат, па за да не се направи грешка се одело на дополнителна идентификација. Утрово според неофицијалните информации, истражителите го утврдиле и неговиот идентитет но детали не се соопштуваат.

Тие вчера беа застрелани од 58 годишниот Г.А. сопственик на менувачницата кој и самиот се здобил со тешки телесни повреди во нападот и бил префрлен во болница од каде е пуштен на домашно лекување.
Неговата менувачница и претходно била цел на грабежи. Во еден од нив сопственикот заработил и прострелна рана во ногата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1