Чавков: Можно е СДСМ повторно да ги употреби партиските војници во МВР за незаконски активности


Незаконското ангажирање на припадници на Алфите можеше да предизвика несогледливи последици, тврди директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во интервју за неделникот Република.

Тој не ја исклучува можноста од нивно повторно користење при нови обиди за предизвикување инциденти и предупредува дека овие 140 незаконски распоредени партиски војници на СДСМ претставуваат опасност и ризик по функционирањето на полицијата.mitko cavkov

-Спом­нав де­ка са­мо­то ан­га­жи­ра­ње на не­кол­ку ти­ма од еди­ни­ца­та „Ал­фи“, не са­мо што е не­за­кон­ски, ту­ку во кон­крет­ни­от слу­чај е над­вор од здра­ви­от раз­ум и опас­но со мож­но­сти за не­пред­вид­ли­ви пос­ле­ди­ци за­тоа што нив­ни­от ко­ман­дант, до не­о­дам­на истра­жи­тел во СЈО, ба­рал да би­дат во­о­ру­же­ни со авто­мат­ски пу­шки. Со си­гур­ност зна­е­ме де­ка нив­ни­от ко­ман­дант и на­чал­ни­кот на СВР Скоп­је, исто та­ка до не­о­дам­на истра­жи­тел во СЈО, не са­мо што би­ле во тек ту­ку не наш­ле за це­лис­ход­но да ме ин­фор­ми­ра­ат ме­не ка­ко ди­ре­ктор на Би­ро­то за јав­на без­бед­ност. По мо­ја­та ре­ак­ци­ја кон на­чал­ни­кот на СВР Скоп­је, исти­те та­ка об­ле­че­ни со тре­нер­ки вед­наш беа пов­ле­че­ни. За тоа, се раз­би­ра, ќе има од­го­вор­ност, но мо­рам да ја иско­ри­стам оваа при­го­да за да ја ин­фор­ми­рам ма­ке­дон­ска­та јав­ност де­ка во ид­ни­на не иск­лу­чу­вам не­за­кон­ски ан­гаж­ман на пар­ти­ски вој­ни­ци кои се рас­по­ре­де­ни во еди­ни­ца­та „Ал­фи“ и да по­со­чам на опас­но­ста и ри­зи­ци­те по функ­ци­о­ни­ра­ње­то на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја пре­ку око­лу 140 пар­ти­ски вој­ни­ци кои се рас­по­ре­де­ни не­за­кон­ски, од пр­ви­от до пос­лед­ни­от. За сре­ќа, се­пак, тоа е ма­ла број­ка нас­про­ти око­лу 9.000 про­фе­си­о­нал­ци и ка­ква ште­та и да на­пра­ват, се­пак има­ме из­гра­де­но ин­сти­ту­ци­о­нал­ни и си­стем­ски ка­па­ци­те­ти кои оваа ма­ла гру­па пар­ти­ски вој­ни­ци не мо­жат да ги до­ве­дат во пра­ша­ње. Се­пак, мо­рам да подв­ле­чам де­ка са­мо­то не­за­кон­ско рас­по­ре­ду­ва­ње и не­за­ко­ни­то­ста во нив­но­то ра­бо­те­ње ќе оста­ви дла­бо­ки луз­ни по си­сте­мот, среќ­на­та окол­ност се, ќе по­вто­рам, из­гра­де­ни­те си­стем­ски ка­па­ци­те­ти кои мно­гу па­ти се по­твр­де­ни во ми­на­то­то и са­ми по се­бе прет­ста­ву­ва­ат бра­на пред тен­ден­ци­и­те за гру­бо кр­ше­ње на за­кон­ски вгра­де­ни­те ст­дарди, вели Чавков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1