Чавков не поднел барање за амнестија


Заврши рокот до кој лицата вмешани во настаните во собранието од 27 април минатата година можеа да достават барање за амнестија.

Во скопскиот кривичен суд пристигнале 64 барања. 33 лица се обвинети во судскиот процес за 27 април, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, не поднел барање за амнестија, рече денеска неговиот адвокат Сашо Дуковски кој вели дека Чавков сака невиноста да ја докаже пред судот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1