Чернобил во Косово: Гласачките ливчиња од Србија се броеја во скафандери ВИДЕО


По прекинот на броењето на гласовите од Србија на 13 октомври, поради наводно труење, службениците на Централната изборна комисија на Косово, денеска го почна процесот на верификација на пликоата со гласачките ливчиња кои пристигнале во Косово од Србија.

Но, овој прцес од страна на Косовците се врши под детални заштитни мерки. Со маски, посебна облека, капи и ракавици, службениците го вршат овој процес, јавува Експрес.

Пред десетина дена при броењето на гласовите од Србија, процесот беше прекинат откако неколку службеници на ЦИК се жалеа дека имале алергиски реакции откако ги отвориле пликоата.. Во Инфективна болница во Приштина беа хоспиталзирани 12 претсавници од ЦИК кои се жалеле на алергиски реакции, но откако анализите покажаа дека не станува збор за заразна инфекција тие беа пуштени дома.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1