Честитка на Комисијата за односи со верските заедници по повод Велигден


Во духот на вековното македонско празнување, и годинава камбаните гордо бијат во македонските цркви одбележувајќи го празникот над сите празници – Воскресение Христовото-Велигден. Спасителот Господ Исус Христос вели: „Во светот ќе имате многу неволји, но не бојте се зошто Јас го победив светот!“ Тој воскресна и ги поведе луѓето кон победа, сигурна и конечна , вели во честитката наКомисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска упатена до архиепископот на МПЦ- Охридка Архиепископија г.г. Стефан.crkva2-630x354

„Ниту смртта, таа непријателка на сè што е живо, нема целосна власт во нашиот живот. Тоа искуство на верата и денес останува цврста потпора за секој христијанин со радост да воскликне и да го воспева овој голем настан.
Како народ на верата, отсекогаш сме го љубеле Бога кој е нашата сила, нашиот крст со кој сме ги победувале сите неправди и зла. Богољубивиот наш македонски народ во својата историја безброј пати се искачувал на Голготата на прогонствата и страдањата, но секогаш силите на мракот биле победувани со сјајот на нашето народно и црковно воскресение. За жал, и на овој Велигден ќе кажеме дека сè уште постојат такви сили, кои не го прифаќаат нашето постоење, а со тоа ја отфрлуваат нашата вера и нашите православни христијански вредности. Но, како доследни наследници на нашите свети апостоли на мирот, ние, овде во Македонија, и насекаде каде што нè има, чувствуваме света должност да ја чуваме нивната спасителна мисија, да ја браниме нашата татковина која е лулка на писменоста, духовноста и културата на многу народи. И токму во силната вера и приврзаност кон ваквото свето предание да бидеме светлина која постојано ќе воскреснува во европските и светските културни, научни и духовни придобивки.
Нека е честит Големиот ден-Воскресение Христово и нека Господ нè обдари со сила, верба и благослов, за да го сочуваме и негуваме она што Тој ни го даде како завештание, чекорејќи гордо и македонски по патот на праведноста, одговорноста и чесноста.
Нека е честит и вековит празникот!“, се вели во честиката од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1