Четири автобуски станици денес нема да се користат


Во недела на 16 август нема да се користат неколку автобуски стојалишта поради изведување на градежни работи од страна на Градежниот институт Македонија АД Скопје, соопшти Град Скопје.jsp patnici

Станува збор за следниве автобуски стојалишта: пред ТЦ „Сити мол“ во правец од Центар кон Ѓорче Петров во период од 08 до 09.30 часот, кај Градска болница во правец од Тутунски комбинат кон Центар во период од 10 до 11.30 часот, пред спортска сала Автокоманда и терминал на автобуска линија бр.2 во правец од Автокоманда кон Центар во период од 12 до 13.30 часот и пред Шумарски факултет во правец од Автокоманда кон Центар во период од 14 до 15.30 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1