Двајца сириски шверцери на луѓе денеска се осудени во Турција на казна затвор во времетраење од четири години и два месеци поради смрта на тригодишното сириско дете Ајлан Курди и уште четири лица, пренсува Танјуг.
Судот ги прогласи двајцата Сиријци за виновни за шверц со луѓе, но ослободени се од обивинението дека „предизвикале смрт со намерно запоставување“.
Судењето на сириските државјани Мувафаки Алабаш и Асем Алфрад започна на 11 февруари во егејскиот град Бодрум.
Фотографијата на безживотното тело на момчето свртено со лицето во песок на плажа во Бодрум го шокираше целиот свет и го сврте вниманието кон бегалската криза.
Братот и мајката на Ајлан исто така се удавиле во септември минатата година кога им се превртел бродот при обид да се превезат од Бодрум до грчкиот остров Кос.