Божиновска: Ниту орелот, ниту крстот можат да создадат победници или поразени


Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска, ги повика верниците од муслиманска и христијанска вероисповед да ги почитуваат начелата на верата.

bozinovska-valentina-480x272„Тие добро знаат дека ниту орелот, ниту крстот можат да ги направат победници или поразени. Тие историски живееле во верска толеранција и соживот и самите меѓусебно знаеле да споделат заеднички моменти во добро и во зло. Ниту некогаш христијаните се собирале да протестираат против изградба на џамија, ниту пак, им пречела молитвата на имамот. Тие што вчера ги газеа осветените темели за крстот победници ли беа? Време е кога и муслиманите и христијаните треба да се вратат на корените на своите прадедовци, зашто токму тие беа урнек како се живееше во Република Македонија. Време е пред сѐ за човечко обединување“, се наведува во соопштението од Божиновска.

Таа ги повика верниците да го следат примерот на поранешниот муфтија и сегашниот градоначалник Ружди Љата и игуменот Партениј.

„Обата го чуваат верскиот соживот во дебарско-реканскиот крај, на македонците, на албанците и на македонците со исламска вероисповед. Само на тој начин ќе го кренеме заедничкиот бајрак на победа на верската толеранција и соживот во Република Македонија. Апелирам во овие мигови проблемот да се разреши и институционално“, се наведува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1