Пешак прегазен во Дебар маало се бори живот на KАРИЛ


Ноќва во 00.30 часот во Скопје на улицата „Орце Николов“ во Дебар маало се случила сообраќајна незгода, во која возило „Пежо 107“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29- годишниот А.Т. од Скопје, удрило во пешакот А.Н. (21) од Скопје.Soobrakajci-policija

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“.

Истиот е задржан на КАРИЛ и е во животна опасност.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1