Четири месеци ја силувал во Сирија, а потоа таа му се одмаздила во Германија


Курткиња од племето Јазиди која преживеала заробеништво и мачење од Исламска држава (ИД), го видела својот злоставувач во Германија.

Таа моментално е на психолошки третман во Германија, а неодамна го видела џихадистот што ја малтретирал и ја злоставувал четири месеци додека била во заробеништво.Jazidi-zena

Џихадистот, за кој вели дека е со сириско потекло, сега живее со семејството во бегалскиот камп во Германија.

Активистката, која им помага на жените Јазиди да се ослободат од заробеништво, вели дека го препознала џихадистот во продавница во Баден.

Веднаш го пријавила на германската полиција џихадистот што ја злоставувал четири месеци, и така му се одмаздила повеќе да не може никому да му наштети.

Откако членовите на ИД го нападнаа градот Синџар во ирачкиот дел на Курдистан во кој живеат Јазидите, во средината на 2014 година спроведоа голем број на злодела врз населението, во кој спаѓа и масакрот на повеќе од 5.000 мажи.

Џихадистите киднапираа околу 5.000 жени и девојки, кои ги направија робинки.

Околу 2.000 од нив успеаја да се ослободат од Исламска држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1