Палата со 1.000 соби од 600 милиони евра: Како живеат Ердоган и неговата разуздана сопруга


Богатството на Ердоган се проценува на околу 200 милиони евра, а има најмалку три палати за кои се знае во Турција. На листата на „Форбс“ Ердоган (62) се наоѓа меѓу најплатени државници со годишни примања околу 61 милион евра годишно. Богатството го стекнал со вложување во акции, недвижности, а сопственик е на неколку ресторани и фудбалски клуб во Анкара. Има и своја вотка.erdogan(2)

Сопругата на турскиот претседател, Емина Ердоган, тврди дека живее скромно, според стриктни муслимански вредности, но омилена забава ѝ е трошењето на пари…

Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга живеат во палата којашто чинела речиси 600 милиони евра и истата има 1.000 соби. Освен палатата во Анкара, имаат барем најмалку две луксузни резиденции во Турција. Емина обожава дизајнерска облека и не се срами да троши баснословни суми на неа.

Во земјата во која една четвртина од населението живее во сиромаштија, првата дама се фали како пие специјален чај којшто чини околу 1.800 евра по килограм и го пие од златни чаши коишто чинат речиси 300 евра.erdogan3

Еднаш само за Емина цел трговски центар во Брисел бил затворен за сите, освен за неа. Според некои извештаи, додека го придружувала сопругот во официјалната посета на Варшава, потрошила повеќе од 44.000 евра на еден базар за антиквитети.

Градбата позната како „Бела палата“ чинела двојно повеќе отколку што претходно било проценето, а Ердоган рекол дека таа ја прикажува Турција во најдоброто светло.Ѕидовите во палатата ја красат со свилени тапети коишто чинат околу 2.800 евра по ролна, а околу 400 соби имаат двојна врата којашто чинела по 42.000 евра.Палатата има подземна скривница која може да издржи напад со биолошко, хемиско и нуклеарно оружје, пишува „Дејли мејл“.erdogan1

За нејзина изградба е употребен скап материјал донесен од различни земји во светот. Ердоган оваа градба ја гледа како награда за доброто водење на државата, додека неговите противници сметаат дека таа е симбол на неговата желба за апсолутна моќ. Белата палата е истовремено и команден и контролен центар од кадешто Ердоган владее.

За време на обидот за воен удар, пучистите ја бомбардирале палатата, но сè уште не е познато колкава штета е притоа направена.

Реџеп Таип Ердоган се наоѓа помеѓу најплатените светски лидери, а богатството го стекнал со вложување во акции и недвижности. Сопственик е на неколку ресторани и фудбалски клуб во Анкара

Магазинот „Луѓе со пари“ (People with money) неодамна го стави на првото место на листата помеѓу најплатените политичари, проценувајќи ги неговите комбинирани приходи на 58 милиони долари.

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1