Трогателно: Бренда од „Беверли хилс“ ја избричи главата во борбата со ракот (ФОТО)


Актерката Шенон Доерти ја избричи главата во текот на својата борба со ракот, а целиот потресен процес го сподели со своите обожаватели на Инстаграм.

Бившата ѕвезда на серијата „Беверли хилс“ и „Волшебнички“ откри дека боледува од рак на дојка минатата година. Сега со обожавателите го сподели секој чекор од стрижењето на косата, со помош на мајката Роза и пријателката Ен Котрајт Шлистат.senon

Актерката објави на Твитер: „Модла за колач, чоколада и брич… останете вклучени“, а покрај твитот стои и хаштагот #cancersucks.

Шенон објави и мошне трогателна фотографија на која се подготвува за промената. Шенон на крајот доби пофалби и поддршка од обожавателите кои напишаа дека е убава и да остане силна.

„Не станува збор за тоа како изгледаш, туку за начинот на кој се бориш со одвратниот рак и за твоите очи кои блескаат. Биди она што си. Биди силна“, напиша еден нејзин обожавател.

Актерката порано за магазинот „Пипл“ изјави дека се подложила на терапии.senon1

– Продолжувам да се хранам здраво, вежбам и останувам позитивна. Благодарна сум на моето семејство, пријателите и лекарите на поддршката и секако на моите обожаватели кои беа покрај мене – рекла тогаш Шенон.

Оттогаш зборувала за хируршките опции и можната мастектомија (отстранување на градите).

– На крајот на краевите, тоа се само гради, зарем не? Мислам, ги сакам, тие се мои, убави, но во поширока слика, преферирам да бидам жива и да остарам со мојот сопруг – рекла во телевизиското шоу „Доктор Оз“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1