Киднапирал 31годишна прилепчанка и ја силувал


Завчера во 9 часот во прилепската полициска станица А. Р. (31) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 3 часот непознато машко лице извршило обљуба врз неа.siluvanje

Непознатото лице кое управувало возило непозната марка со битолски регистарски ознаки, ја пресретнало на ул.„11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе во возилото. Девојката се вознемирила и му рекла да си оди и продолжила пеш кон нејзиниот дом.

Сторителот повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре по што се упатил кон периферијата на градот каде извршил обљуба. Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција. Над оштетената бил извршен општ и гинеколошки преглед.

ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1