Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера доцна попладне кај месноста Сепарација на патниот правец Дебар – Маврово, делница Долно Косоврасти – Бошков Мост, јавува Дневник.
Според весникот, со тешки телесни повреди се здобиле се четири момчиња на возраст од 20 до 23 години сите од село Горно Косоврасти.
– Момчињата беа донесени во Општата болница во Дебар и по укажаната прва медицинска помош, едното од нив, кое е во тешка состојба е упатено на понатамошен третман на Клиника во Скопје, другото во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, додека двете се задржани на хируршкото одделение при нашата болница – изјави директорот на општата болница, Баки Халили за Дневник.
Според првичните сознанија момчињата се враќале од првомајски излет. Возилото во кое биле изгубило контрола и се превртило.
Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, несреќата се случила во 18.45 часот, момчињата биле во возило “лендровер” со скопски регистарски таблички.