Четири начини да се спасите од влага и мувла во вашиот дом


Влага и мувла во домот, се најголем кошмар на секое семејство, но постојат природни и лесни начини да се спасите од нив.

Масло од чајно дрво

Во шишенце измашајте 450 милилитри вода и две лажици масло од чајно дрво, добро помешајте и испрскајте на зафатеното место. Не пребришувајте со крпа туку оставете да отстои. Треба да знаете дека мирисот е прилично интензивен и ќе се задржи во вашиот дом неколку дена, па најдобро е да го направите тоа пред да одите некаде на неколку дена.

Алкохолен оцет

Ставете во шишенце и испрскајте на зафатената област и оставете да отстои. За да не ви мириса оцетот може да ставите и неколку капки етерично масло или лимон.

Сода бикарбона

Таа сама по себе е одлична за чистење, помешајте со вода или оцет и со крпа исчистете ја мувлата.

Семки од грејпфрут

Во 450 мл вода додадете 20 капки масло од семки од грејпфрут, промешајте и испрскајте. Нека отстои, нема потреба од пребришување со крпа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1