Четири предлози од Заев до Грција: Северна, Горна, Вардарска и (Скопје)


Македонија понудила четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави македонскиот премиер, Зоран Заев во интервју за агенцијата Ројтерс, пренесе Дојче веле.

„Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“- изјави Заев за Ројтерс во Лондон, каде присуствуваше на инвестицискиот самит за Западниот Балкан во организација на Европската банка за обнова и развој.

Македонија се надева дека спорот ќе се реши навреме за да добие препорака за почеток на преговори со ЕУ во јуни и потврда на поканата за прием во НАТО во јули годинава, и предлага географска одредница во своето име, наведува Ројтерс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1