Четири жени потешко повредени во судирот на двата автобуси


Четири жени од Крушево се потешко повредени во вчерашната сообраќајна несреќа која се случи при судир на два автобуси на патот Битола-Демир Хисар во близина на местото викано Бели Мост. Во сообраќајната несреќа повредени се вкупно 21 лице.

avtobus500Сите повредени се хоспитализирани во Клиничката болница во Битола, дел се задржани на понатамошно лекување, а дел пуштени на домашно лекување. Потешко повредените жени се наоѓаат надвор од животна опасност.

Во несреќата В.Т. (52) се здобила со скршеница на левата клучна коска и набиеница на главата, фрактура на носната коска има 30-годишната Д.М., додека С.С. (40) е задржана со фрактура на коленото. На интензивна нега, но надвор од животна опасност е 45-годишната Д.П.

Во несреќата полесно повредени се и двајцата возачи на автобусите и уште 15 патници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1