Четириесет години затвор за трикратниот убиец од Кавадарци


Четириесет години затвор за трикратениот убиец Тони Станоев од Кавадарци. Вака денеска пресуди кривичниот совет на судот во Кавадарци. Станоев со пиштол ги уби родителите и сестрата на неговата сопруга. Роднините на убиените не се задоволни со пресудата и бараат судот да го осуди на доживотен затвор, објави Канал5.

Сопругата на Станоев денеска не сакаше да ја коментира пресудата, само револтирано го напушти судот.toni kavadarci mk

Во текот на судењето адвокатот на обвинетиот тврдеше дека Станоев е психички нестабилен на што му влијаело учеството во воените конфликти во 2001 година и разводот. Но, психијатриската експертиза на вештаците го тврдеше спротивното.

На деветти ноември минатата година Тони Станоев ги застрела родителите и сестрата на сопругата во нивната семејна куќа. Потоа побегна, а полицијата 2 дена подоцна го уапси кај гробиштата во Кавадарци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1