Четиригодишно дете во кома поради алкохол


Четири годишно дете од место близу Прокупље е примено во болница во состојба на кома, откако испило засега непозната количина на алкохол.dete pie

Како што пишува Телеграф според неофицијални информации, момчето случајно нашло шише со алкохолен пијалок во семејниот дом, а родителите кога виделе дека не му е добро веднаш повикале Итна помош.

-Ова е преседан што се однесува за консумацијата на алкохол кај деца, бидејќи никогаш мало дете од Прокупље немало потешкотии од алкохол. Во целиот случај секако ќе се вклучат и надлежните служби и точно ќе се знае како дошло до овој немил настан. За сега е важно детето да биде добро, изјавил добро упатен извор во случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1