Чистел подрум и малку се исекол од стар душек – доби сепса и остана без раце и нозе (ВИДЕО)


Полесна повреда довела до тешка инфекција, поради што Георг Винтерлинг ги загубил и горните и долните екстремитети.

По 16 дена индуцирана кома и осум операции, лекарите успеале да му го спасат животот, но морале да му ги ампутираат обете раце и нозе. Неговата голгота ја пренесе германската телевизија  Дојче веле.

– Се пресеков на стар душек што беше во подрумот. Тоа беше многу мала исеченица на прстот од левата рака. Потоа сè инфицираше, вели Георг, наведувајќи дека лекарите утврдиле дека виновник за инфекцијата е измет од глушец.

За време на инфекцијата, рацете и нозете не добивале доволно кислород, се развила тешка сепса. Поради тоа, големи делови од неговите нозе и раце не добија доволно крв. Ова подоцна доведе до смрт на ткивото и ампутации – изјавил докторот.

Инаку, стаорците и глувците пренесуваат многу други болести од кои некои се и опасни по живот. Еве како да се заштитите:

-Обезбедете ги храната и пијалоци од пристап на глодари, чувајте ги во затворени садови!

– Чувајте го ѓубрето во затворени цврсти канти за да не стане извор на храна за глодари.

– Не оставајте ѓубре во простории како што се магацини, подруми, гаражи, поткровје, викендички и сл.

-Спречете ги глодарите да влегуваат во станбени и деловни објекти со затворање на сите пукнатини и дупки во ѕидовите и подот!

– Потребно е да се отстранат сите депонии од разни материјали кои можат да послужат како засолниште за глодари на најмалку 50 м од куќата.

-Редовно користете средства против глодари во и околу куќата (ако користите отровни средства, предупредувајте ги луѓето, особено децата)!

– Не ги допирајте мртвите глодари или нивните гнезда со голи раце.

– Чистењето на неискористените простори направете го со што е можно помалку кревање прашина, доколку е можно користете влажно чистење (со употреба на маска над носот и устата).

– Не метете и не усисувајте со правосмукалка измет од глодари, како и нивните гнезда. Ова ќе придонесе заразниот материјал да се крева во воздухот, кој потоа можете да го вдишете и на тој начин да се заразите.

-Носете маска која ја штити слузокожата на носот и устата!

– Носете гумени ракавици!

-Кога чистите, користете влажна крпа (за да избегнете кревање прашина) и хлор или алкохол за дезинфекција!

– При чистење на подрум, поткровје, носете силни заштитни ракавици (кои се отпорни на остри предмети) за да избегнете исеченици.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1