Чистењето на домот може да е штетно за здравјето


Иако се вели дека чистиот дом е половина здравје, користењето на правосмукалката може да ги влоши симптомите на алергија и да ги разнесе потенцијално смртоносните бактерии низ воздухот, покажа заедничкото истражување на австралискиот Универзитет во Квинсленд и канадскиот Универзитет Лавал.

robot_housecleaner_275Според нив, правосмукалките ја собираат прашината од подот и ја дисперзираат во воздухот, а покрај мувлите, шират и потенцијално смртоносни бактерии како Клосртидиум ботулинум, причинителот на ботулизам.

Тестирајќи 21 правосмукалка, истражувачите пронајдоа траги од ДНК од бактериите отпорни на лекови и ДНК од бактериите кои предизвикуваат доенечки ботулизам.

Со чистењето на тепихот и мебелот, бактериите навлегуваат во правосмукалката и потоа се распрснуваат низ воздухот што може да биде особено опасно за бебињата и луѓето со ослабен имунитет.

Чистењето со помош на правосмукалката треба да се земе со доза на внимание, а кај алергичните и астматичарите е забележано влошување на симптомите.

Водителот на студијата, Д-р. Лук Книбс, изјави:

„Користењето на правосмукалката ги расфрла бактериите, мувлите, како и други патогени честички низ воздухот. Евентуално решение за овој проблем е користење на правосмукалки кои покрај тоа што ја собираат прашината, и да го дезинфицираат просторот“.

portal.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1