Чистка: Се менуваат директори на ВМРО ДПМНЕ низ цела Македонија


seff2

Нов бран на кадровски промени се најавува во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе се менуваат директори на дваесетина претпријатија.Веќе се сменети повеќе високи службеници во администрацијата во Валандово, како и  директорот на Водостопанство Берово.

Кадровски промени  ќе има и во Агенцијата за катастар во Демир Хисар, во Јавното комунално претпријатие во Градско, Облешево, Василево. Се менува двајца директори во ЈП Водовод Скопје, раководителите на Фондот за здравство и шумска полиција во Струмица, а во Велес раководителот на подрачното одделение на Агенцијата за вработување. Промени ќе има во Неготино, Охрид, Кисела Вода.

Ваквата работа на ВМРО-ДПМНЕ за кадровска обнова е во правец на продолжување на успехот со несмален интензитет, но истовремено надминување на сопствените грешки, се со цел постигнување уште подобри резултати во континуираните промени и реформи, велат од  ВМРО-ДПМНЕ“, вели Тодоров.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1