Курсот наречен „Фолклорен аеробик“ ќе се одржува во просториите на „Танец“. Кандидатите ќе ги имаат условите како и професионалните играчи, а на крајот од ансамблот ќе добијат сертификат за завршен курс.

tanecЧасовите ќе се одржуваат двапати во неделата, од 20 и од 22 часот. Цената на двомесечниот курс е 3.500 денари. „Танец“ исто така организира и забрзан курс за поединци кои сакаат за краток период да  научат да играат ора. Индивидуалните часови се одржуваат по договор и цената за еден час (60 минути) е 600 денари.

„Танец“ нуди и попусти ако курсот го посетуваат повеќе членови од потесно семејство – 20 отсто за две лица, 30 отсто за три лица и 40 проценти попуст за четири и повеќе лица од исто семејство.

Според директорот на „Танец“ Зоран Џорлев,  целта на курсот е да им се овозможи, пред се, на младите да ги научат ората и песните кои се дел од сите македонски веселби.

–  Ова не е само за доброто на „Танец“, туку е продолжена рака на сето она што се вика музика и традиција, кои ние заедно треба да се бориме да ги зачуваме и да не ги заборавиме, а посебно младите генерации да ги играат и пеат нашите ора и песни, рече Џорлев.

Тој денеска  на прес-конференција го најави концертот „Песни за јунаците“ на 21 октомври во Музејот на македонската борба, кој ќе биде дел од одбележувањето 120 години од македонската револуционерна борба.