Член на ИСИС добил македонски пасош со идентитет Јосиф Ставре, Македонец од САД


Меѓу 215 криминалци и носители на пасоши со лажен идентитет имало и припадници на ИСИС кои поседувале македонски пасоши.

Ова го открива порталот мкд.мк кој пишува дека американски државјанин, член на ИСИС добил македонски пасош со идентитет Јосиф Ставре.

Терористот на ИСИС во Македонија се бара за тројно убиство.

„На 13 септември 2018 година во 13,39 часот во просториите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи Зејадин Бериша се фотографирал, оставил отпечаток од прстот и за неколку дена добил македонски пасош со нов идентитет – Јосиф Ставре, инаку Македонец и со американско државјанство. Бериша ова слободно го направил иако во Македонија е осуден за тројно убиство и по него има меѓународна потерница за учество во терористички групи”, објави порталот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1