ЧОВЕК НА ПУТИН: Уапсен висок белгиски дипломат – 20 години бил руски шпион!


Неименуваниот работник на Министерството за надворешни работи работел како виде-конзул и конзул во Лагос, Алжир, Лисабон, Токио, Њујорк, Њу Делхи и Копенхаген, а за руските разузнавачки служби работел 20 години.

Висок белгиски дипломат е осомничен за шпионажа во корист на Русија, јавил денес белгиски Тв канал „РТЛ“.
Федералното обвинителство на Белгија веќе покренало истрага против 57-годишниот дипломат, кој е веќе сменет.

Според тие информации, О.Г., кој работел како вице-конзул и конзул во Лагос, Алжир, Лисабон, Токио, Њујорк, Њу Делхи и Копенхаген, 20 години бил во контакт со руски специјални служби кој ги снабдевал со информации за можностите за правење лажни легитимации за руските извештаи.

Федералниот обвинител на Белгија, Јохан Делмил, потврдил дека се води истрага против белгискиот дипломат, осомничен за шпионажа, мито и повреда на професионални тајни.

Share Button
Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1