Кирби де Ланерол живее од воздух и тоа буквално. Тврди дека јаде само десетина пати во годината, а сè што му е потребно за преживување го добива од Сонцето, воздухот и божјите вибрации.
Тој е единствената личност што го истрчала маратонот откако три месеци живеел само на вода, барем така тврди.
Иако многумина умреле обидувајќи се да водат ваков стил на живот, Кирби тврди дека живее без храна последните пет години. Според него, многу му помогнал новиот начин на размислување откако се оттргнал од дрогата, а со тоа се оттргнал и од лошите навики со храна, односно од било каква храна.
Сега тој стана своевиден гуру на овој животен стил што околу себе собира луѓе кои се обидуваат да се одвикнат од храната. Тој ги отфрла негативните критики на лекарите за опасностите од нејадење и тврди дека никогаш не се чувствувал подобро.
Алфа