Стотина жители од Ростуше и околните места денеска на пладне организираа мирен протест пред Здравствениот дом во општината, откако како што велат, не било дозволено возило на брзата помош да тргне кон неговата куќа, бидејќи наводно немало гориво.
Синот на пациентот се упатил кај директорот за да побара амбулантно возило , но не му било овозможено тоа со оправдување дека возилото нема гориво. После ваквиот одговор , синот на пациентот решил неговиот татко да го транспортира со такси возило , првин во Ургентниот центар во Гостивар , но и од таму не бил овозможен транспорт со амбулантно возило ,бил пуштен да оди со такси возилото, во Клиниката за неврологија во Скопје .
После неколкучасовно патешествие пациентот бил сместен на скопските клиники , и по нецели десетина часа здравстената состојба се влошила и пациентот починал.
,,Човекот ни умре бидејќи амбулантното возило немало наводно 10 литри бензин за да дојде. А, има бензин да разнесува канти сирење по куќите на лекарите и медицинските сестри,, – истакнаа дел од жителите на Ростуше.
PlusInfo