ЧОВЕКОТ КОЈ ИМА ПРЕЖИВЕАНО 638 ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ (Видео)


Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро влезе во Гинисовата книга на рекорди како мета на 683 обиди за убиство,

До 2006 година кога поради болест го предал управувањето со земјата на својот брат Раул, имал 638 пати обиди за убиство, а “речиси сите биле нарачани од CIA”. МЕтодите кои се користени за да го убијат се различни, но сите пропаднале –снајперисти, експлозив во неговите чевли, отров вбризган во цигара, до мали експлозивни направи во бејзбол топка, помеѓу другото .20fidel kastro 444

„Сите нам еден ден ќе ни дојде времето“, изјавил Фидел Кастро на конгресот на Комунистичката партија во април. Тоа било доволно неколку делегати да заплачат.

Повеќето Кубанци никогаш не живееле без Фидел. За време на неговото владеење од 1959 до 2006 година, тој им пркосел на десет американски претседатели. Воспоставил комунистички режим пред вратите на Америка и наводно преживеал дури 600 обиди за атентат.

Постоеле безбројни завери за да се убие Кастро, меѓу кои една од најпознатите е дека кубанскиот претседател требал да запали цигара кога би му експлодирала во лице. Исто така бидејќи сакал милкшејк од јагода, оперативците мислеле на тој начин да го отрујат.


Според една приказна, атентаторот бил маскиран во снимател кој требал да го ликвидира Кастро додека минувал низ народот во текот на една манифестација пукајќи од пушка која била сокриена во камерата. Меѓутоа во тој момент добил страшни болки во стомакот. Во прашање било слепото црево. Човекот кој требал да го замени убиецот и наместо него да го убие Кастро, се уплашил и се предомислил. И така со необична игра на судбината избегнат е уште еден атентат.

Американската Архива на државната безбедност неодамна објави информација која докажува дека Вашингтон се обидувал да го усмрти Кастро со испраќање на одело за нуркање заразено со туберкулоза. Архивата во одредени моменти вели дека американската влада контактирала со адвокатот Џејмс Донован да тој го спроведе овој пеколен план. Поради тоа што имал добра врска со Кастро, мислеле дека тој е најпогоден за оваа работа. Адвокатот воопшто не знаел за оваа операција.

Планот бил Донован да му го даде подарокот на Кастро при негова посетата . Во прашање била нуркачка опрема, бидејќи двајцата многу сакале да нуркаат, а апаратот за дишење бил заразен со опасна бактерија. Меѓутоа, акцијата пропаднала кога Милан Мисковски, адвокатот на ЦИА му кажал на Донован да се увери дека никој не ја „пипкал“ опремата. Во една прилика во 1963 година Донован се сретнал со Кастро кога му го дал подарокот. Сепак нуркачкото одело не содржело никакви бацили или бактерии токму поради тврдењето на Мисковски.\

Роден бил на 13 август 1926 година во Биран во источниот дел на Куба, како дете на вонбрачна врска помеѓу шпанскиот имигрант Ангел Кастро кој подоцна станал земјопоседник и неговата слугинка. После раѓањето на Фидел, неговите родители ја легализирале врската.

Кога започнал да владее со Куба, ги кршел човековите права и ги пригушувал демократските обиди. Ги национализирал имотите на странските компании што заедно со реформите на земјата довело до конфликт со Америка. Вашингтон вовел трговско ембарго, кое е на сила и денес, и организирал неуспешна инвазија на противниците на Кастро во Заливот на свињите во 1961 година.

Сојузништвото на Кастро со Советскиот Сојуз и испораката на советските проектили во Куба во 1962 година за малку не предизвикале нуклеарна војна.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1