Човекот кој ја држеше в раце руската душа


Пред 140 години се родил Сергеј Рахманинов – генијален композитор и пијанист, кој стана олицетворение на руската музика.

rachmaninoff-468Името на Рахманинов одамна стана бренд, неговата музика не им дава спокојство ниту на учениците од музичките школи кои се потат, нити на алчните пијанисти кои концертираат, триејќи ги рацете, гледајќи како расте сумата на нивните банкарски сметки по исполнувањето на хитовите на големиот композитор, ниту одушевените слушатели, кои замираат како зајак пред смок на првите акорди од Вториот концерт за клавир.

На Рахманинов му беа предодредени успех и егзил. Кога Ленин веќе во целост го нишал чамецот на императорската Русија, малиот Серјожа само што почнал да притиска на педалите од стариот клавир на кои виселе канделабри.  1917 година да ја напушти Русија засекогаш, бегајќи на Запад од ѕвонот на камбаните кои ги тресеа болшевиците.

Рахманинов ја лиши руската музика од невиноста. Тој стана месија на лесниот жанр, впивајќи ја во себе сета моќ на клавирот, со цел засекогаш да го измени ликот на љубителите на класичната музика, исто онака како што тоа го направија Битлси со фановите на естрадната музика.

Тој стана првиот руски композитор кој направи богатство и тоа со сопствени снимки.

До крајот на својот емигрантски живот во САД тој останал непоправлив романтичар. Слушајќи го рикањето на уште еден од своите тркачки автомобили, Рахманинов летал по калифорниските автопати, тргајќи ги рацете од воланот само за да ги избрише солзите што ги леел за родните руски брези.

Петте хита на Сергеј Рахманинов

Прелудиум во Ге-мол

Апсолутен хит, кој може да ве направи обожавател на класичната музика. Самиот автор не сакал да ја свири на своите концерти на бис и бил многу вознемирен кога го слушнал овој прелудиум преку вратата на некоја калифорниска таверна. „Сите ќе мислат дека сум го напишал само ова!“ – непотребно се лутел класичарот.

Втор концерт за клавир

Истовремено генијален и тегобен. Во светот не постои ниту еден професионален пијанист на чиј репертоар ја нема оваа „Мона Лиза“ од музика. Непристојно е да не се знае оваа до максимум концертирана класика.

Трет концерт за клавир

Фаталити a la Mortal Combat, кој се свири на 88 клавиши. Мачењето на несреќниот пијанист, кој го храни клавирот со оваа бесна музика, е прекрасно прикажано во филмот „Сјај“ на Скот Хикс. Погледнете го овој филм, наместо уште еднаш да го гледате „Роки“.

Елегично три

Подгответе марамче, или подобро пешкир, доколку сакате да ја слушнете оваа срцепарателна панихида за клавир, виолина и виолончело, која му е посветена на Петар Илич Чајковски – учителот и пријател на Рахманинов. Триото црта посмртен портрет на големиот композитот – до солзи тажен и безумно убав.

Вокализ

Според формата е вокална вежба, според содржината лебедова песна за неповторливата (женска) убавина. Омилена песна не само за сопраните, туку и за виолинистите. Подгответе се – од убавата изведба на „Вокализ“ ќе ви застане здивот.

Извор – Руска Реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1