Нема јадење лук на јавно место – руски пратеник со предлог закон


Рускиот пратеник Сергеј Иванов денеска во Државната дума поднесе предлог закон за забрана на употреба на лукот на јавни места, пренесоа руските агенции.

bijeli_lukСпоред него мерката е насочена кон заштита на основни права на човекот, како правото на здравствена заштита и правото на пристојна животна средина.

Тој ја објасни потребата од прифаќање на законот со „широко распространетата употреба на лукот во Русија и со него поврзаните негативни медицински, демографски и други социјално-економски последици“.

Иванов се повика на оценки на Меѓународната здравствена организација, според кои „заради одвратниот мирис на лукот во Русија секоја година не се раѓаат стотици илјади Руси“.

Подоцна пратеникот изјави дека предлог законот бил првоаприлска шега.

Тој кажа дека неговиот предлог бил „обид сами да се насмееме“, и бил последен во желбите да се покаже дека Државната дума се вовлекла во прифаќање на „драконските“ мерки, како што е законот за ограничување на пушењето.

Пред тоа неговиот предлог беше официјално впишан како предлог закон во Државната дума, но потоа исчезна од електронската база на податоци на Долниот дом на парламентот.

Иванов изјави дека има намера да го повлече својот предлог закон.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1