Човекот кој на светот му го покажа ужасот од земјотресот – Дојдов на 5 дена останав 5 месеци – спиев во шатор


Режисерот на документарниот филм за Скопје , Вељко Булаиќ требало да ја раскаже трагедијата за да чуе светот.

Требало да седи 5 дена но остнал 5 месеци. „Скопје 63“филм кој дамнешната 1964 година освои доста награди од кои една од најпрестижните беше победата на фестивалот во Кан и дело за кое Пикасо направи постер откако ја проследил проекцијата.

Снимавме секој ден и тоа со три камери, а потрошивме 40.000 метри филмска лента. Времето го минував по шаторите низ градот, а спиев во една едвај зачувана куќа на Водно. Не мрднав од Скопје – ниту сакав, ниту пак смеев да заминам од Скопје.,, изјави овој режисер во едно од неговите интервјуа

Еве како тој ги памети деновите по земјотресот

cutcaster-photo-801011378-Construction-workers-under-a-hot-blazing-sun

– За „Скопје ’63“ не бев ниту подготвен, ниту имав сценарио, ниту пак можев да претпоставам за каков катастрофален потрес се работи. Тогаш уште бев зафатен со промоцијата на „Козара“ кога ми се јави скопскиот градоначалник Благој Попов и ми рече: „Булаиќ, Ве молам да дојдете веднаш во Скопје, макар на пет дана. Вакво нешто никогаш не сте виделе. Ова мора да го види целиот свет!“

Веднаш отпатував за Скопје и, наместо пет дена, останав пет месеци. Глетките навистина беа разорни. Веднаш се фативме за работа, снимавме секој ден и тоа со три камери, а потрошивме 40.000 метри филмска лента.

Од ден на ден се случуваше по нешто ново, повознемирувачко, па постојано доснимувавме, го преправавме и осмислувавме сценариото, за кое морам да кажам дека многу ми помогнаа мојот брат Стеван Булаиќ, Старделов и Бошковски.

Времето во Скопје претежно го минував по шаторите низ градот, а спиев во една едвај зачувана куќа на Водно, чиј покрив прокиснуваше, а ми ја обезбеди Попов. На крајот сиот снимен материјал моравме да го кондензираме во секвенци и во финалната верзија искористивме околу 3.500-3.600 метри од лентата.

Се разбира, останатите и’ припаднаа на Кинотеката на Македонија за нејзини најразлични потреби. Додека живеев во Скопје, луѓето често ме прашуваа дали сум бил, дали сум го видел Охрид? За жал, Охрид до ден-денес не сум го посетил, меѓутоа тогаш ниту можев, ниту сакав, ниту пак смеев да заминам од Скопје.

Вељко Булаиќ (1928) ја одбележа југословенската кинематографија во 1960-тите и 1970-тите години. Тој е еден од најнаградуваните автори во тоа време, кој направи многу големи спектакли кои беа гледани подеднакво во Југославија и надвор од неа. Веќе со првиот долгометражен филм „Воз без возен ред“ освои две „Златни арени“ на тогашниот исклучително реномиран Пулски фестивал, а влезе и во главната конкуренција во Кан.

Со „Војна“ од 1961 исто така освои две „Арени“, а се бореше и за „Златен лав“ во Венеција. Голем успех постигна и со „Зовриен град“ од 1961, а двата негови најгледани филма, секако, беа воените епопеи „Козара“ од 1962 и „Битка на Неретва“ од 1969. „Битка на Неретва“, во која во тоа време се појавија елитни имиња на светскиот филм, меѓу кои: Јул Бринер, Франко Неро, Орсон Велс, Силва Кошчина, Сергеј Бондарчук, ја доби и номинацијата за „Оскар“ за странски филм.

veljko bulaic

Година: 1964

Вељко Булаиќ во 1964 година го направи и својот многу наградуван долгометражен документарец за земјотресот во Скопје, насловен „Скопје 1963“. Овој филм го пропатува светот и на авторот му донесе признанија во Белград, Венеција, Монте Карло, Единбург, а ја доби и наградата на Унеско „Калинга“.

Содржина: Филмот е хроника на настаните непосредно пред, за време и по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Преку изворни материјали се прикажани разурнувањата и последиците од катастрофалниот земјотрес, потоа расчистувањето на урнатините, последниот поздрав со загинатите најблиски, помошта што Скопје ја прими од земјата и од странство, обновата на градот итн.

zemjotresНагради: 1964 МФФ, Венеција, „Златен лав на Св. Марко“ 1964 МФФ, Венеција, „Сребрена гондола“ 1964 Награда УНЕСЦО 1964 МФФ, Единбург, Награда за најдобар филм 1965 МФФ, Вајадолид, Прва награда на фестивалот 1965 ФЈДКФ, Белград, Најдобар филм на фестивалот 1965 ФЈДКФ, Белград, Прва Награда за режија на Вељко Булајиќ 1965 Лајпциг, Специјална награда по повод 800 годишнината на градот 1965 Монте Карло, „Златна нимфа“

Автори:
Режија: Булаиќ Вељко

Сценарио: Старделов Георги, Бошковски Јован, Матевски Матеја,Ѓуровиќ Ратко, Булаиќ Стеван,

Монтажа: Булаиќ Вељко,

Снимател: Секуловиќ Александар, Петковски Љубе,

Музика: Краус – Рајтериц Владимир,

Тон: Молнар Ерик,

Асистент на режија: Недков Кочо

Асистент снимател: Салковски Драган

Симнете го филмот на следниот ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1