Трагедија во Штип: Загина 3 годишно дете – се отргнало од рацете на сестрата


Тригодишно дете загина вечерва околу 19,30 часот на патот Штип-Радовиш, кај градските гробишта.

Основниот јавен обвинител Јован Ѓурков рече дека несреќата се случила околу 19,30 часот кога тригодишниот Х.Ј. бил на гробиштата заедно со родителите, но во критичниот момент се истргнал од рацете на 12 – годишната сестра и го претрчал регионалниот пат Штип – Радовиш, јави порталот Фактор.soobrakjajka sudir

Во тој момент на патот минувал автомобил „Голф“ со штипски регистерски таблички, кој директно удрил во детето.

Телото на детето е предадено на обдукција. На лице место на возачот му е направен алкотест, кој покажал дека тој не е во алкохолизирана состојба.

Јавниот обвинител и полицијата се се` уште на местото на несреќата. Сообраќајот на влезот во Штип се одвива во една сообраќајна лента.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1