Човекот кој спасил 2 милиони бебиња (Фото)


Австралиецот Џејмс Харисон давал плазма секои три недели цели 60 години и благодарение на единствените антитела во својата крв, им ги спасил животите на 2 милиони бебиња кои можеле да подлегнат на хемолитичка болест кај новороденчиња, објавил Си-ен-ен во приказната за тој несекојдневен потфат.

Харисон (78) во својата крв има ретки антитела кои се користени за изработка на инјекцијата анти-Д имноглобулин, која го спречува имунолошкиот систем на мајките со Рх негативна крвна група да го напаѓа нивните неродени Рх позитивно деца.

spasil bebinja

Кога имал 14 години, Харисон бил подложен на тешка операција на белите дробови и го спасила трансфузија на крвта. Поради тоа и самиот станал дарител штом станал доволно возрасен. Во тоа време, илјадници бебиња умирале секоја година од хемолитична болест кај новороденчиња.

Лекарите набрзо откриле дека крвта на Харисон има ретки антитела за кои се знаело дека спречуваат мајките со Рх негативна крвна група да развиваат антитела против своите Рх позитивни деца и во 60-тите години на минатиот век, почнале да ја користат неговата плазма за изработка на анти-Д имноглобулини кој денес рутински го запира развојот на хемолитички болести и овозможуваат сигурно носење на бременоста.6536128-3x2-700x467

– Австралија беше една од првите земји која откри донор со тие антитела и тоа во тој период беше револуционерно –  рекла за Си-ен-ен Џема Фалкенмире од австралискиот завод за трансфузија на крвта. Колку тие антитела се ретки говори и податокот дека оттогаш во цела Австралија се пронајдени уште само педесеттина соодветни донори.

– Секоја доза крв е драгоцена, но онаа на Џејмс е посебна. Секоја анти-Д инјекција произведена во Австралија потекнува од Џејмс – додала Фалкенмире. „А, бидејќи повеќе од 17 отсто од жените во Австралија се изложени на ризик, Џејмс спаси многу животи“.

„Човекот со златната рака3, како што го нарекуваат, плазма дава и денес. И признава дека не може да поднесе да гледа крв.

– Никогаш не сум гледал како иглата му влегува во раката. Гледам во таванот, гледам во сестрити, но никогаш во иглата. Не можам тоа да го поднесам – рекол Џејмс Харисон за Си-ен-ен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1