Човекот што по 4 месеци го најдоа на Андите не е планинар туку педофил бегалец


Уругваецот Фернандо Гомез Сиркунегва (58) кој во мај оваа година исчезна на Андите, а во неделата беше пронајден жив од една аргентинска спасувачка екипа, не е авантурист или љубител на планирењето, туку педофил и бегалец, осомничен во Чиле за сексуално насилство врз едно осумгодишно момче.

Raúl Fernando Gómez Circunegui

Чилеански суд му наредил на Уругваецот да не ја напушта чилеанската територија до судењето, но Сиркунегва наместо да чека судење се обидел да побегне од Чиле во Аргентина. Со својот мотоцикл тргнал на опасен пат, преку беспаќата на Андите кон Аргентина, но мотоциклот му се расипал во текот на една силна снежна бура, па тој останал сосема сам и загубен во зафрлените реони на оваа највисока планина во Јужна Америка.

Аргентинска спасувачка екипа го пронајде жив, по четири месеци, на височина од 2800 метри, сместен во привремено засолниште во една пештера.

Лекарите во болницата во аргентинскиот град Сан Хуан, каде е сместен уругвајскиот бегалец, изјавија дека тој страда од дехидрација и има загубено 20 килограми од својата телесна тежина, но веруаваат дека ќе се опорави.

Во првата куса изјава што му ја дал на еден уругвајски весник, Сиркунегва открива дека се хранел од она што го понел со себе, на патот преку Андите, како и наоѓајќи храна во планината, најчесто ловејќи стаорци.

Јавното обвинителство на Чиле побара денеска од аргентинските власти екстрадиција на Уругваецот, за да му се суди за стореното кривично дело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1