ЧОВЕKОТ ШТО СО ТАТKА СИ ГО НАПРАВИ САРKОФАГОТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


Треперам, првпат го допирам по 68 години, дрвото сè уште е нежно, МИЛЕ АЛЕKСИЕВСKИ, ЧОВЕKОТ ШТО СО ТАТKА СИ ГО НАПРАВИ САРKОФАГОТ ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Го помилува ликот на Гоце Делчев, грбот на Македонија, знамето на ВМРО, лисјата, цветовите…всадени во ѕидовите на дрвениот саркофаг во кој посмртните останки на најголемиот македонски син во 1946 година стасале во ослободена Македонија, а што беше и желбата на Гоце. Во очите се гледаа и солзите.

goce sarkofag– Го имам истото чувство како и тогаш кога го допирав откако татко ми го заврши. Никогаш досега не сум имал можност да бидам толку блиску, да можам да го погалам . Доаѓам во црквата „Свети Спас“ кога можам и досега многупати сум бил тука. Но, на саркофагот никогаш досега не сум успеал да му се приближам толку.

До овој момент, на допирот на сведокот и учесникот во создавањето на овој значаен артефакт дојде по иницијатива и идеја на „Дневник“. Желбата ни беше овој потомок на познатата мијачка копаничарска фамилија на Мирчевци да го споиме со дрвениот саркофаг, кој сега внимателно се чува во комплексот на црквата

Сè беше завршено за 21 ден

Додека го гледа саркофагот во кој во 1946 година од Македонскиот дом во Софија, Бугарија, на пат кон Македонија тргнаа коските на Делчев, на дедо Миле му навираат сеќавањата на тие денови. Тој тогаш имал само 12 години, но доволно да запамети многу детали од она што се случувало.

goce sarkofag grob– Не знам точно како се викаше, но мислам дека тоа беше Нико Този, кој во тој период беше одговорен за областа на културата. Дојде еден ден кај татко ми и му рече: „Мајстор Несторе, како знаеш итно да се направи саркофаг за Гоце. На тебе оставаме ти да избереш каков ќе биде цртежот – се сеќава дедо Миле.

На искусниот мајстор, кој тогаш имал 54 години и огромен број прекрасни копаничарски дела, не му требало многу да направи достојно дело. Цртежите за тоа како да изгледа саркофагот ги направил за само два дена.

– Не се послужи со ниту еден претходен цртеж или мотив од други дела. Од глава ги правеше скиците и ги црташе на хартија. Се сеќавам, не користеше воопшто гума за бришење молив. Ако нешто требаше да коригира на цртежот, го бришеше со леб. Kога цртежите беа готови, почнавме да работиме на оревовото дрво – наведува дедо Миле.

Татко ми дозволи да работам на некои делови. Јас ги правев погрубите делови – дупчењето, чистење на негативните полиња, грундирање… работи кои им се познати на копаничарите. Беше задоволен од мене, а тој потоа ги правеше фините работи во резбата што настануваше во тие денови – се сеќава Миле Несторовски.

goceKовчегот бил со димензии од 0,6 x 0,6 x 0,75 метри и лежи на четири лавовски шепи. На секоја од четирите страни има по некој централен мотив. Главен е, секако, ликот на Гоце Делчев опкружен со лаворовиот венец, симбол на победата.

– Татко ми најмногу беше сконцентриран токму на ликот на Гоце. Се плашеше дали ќе успее да го долови во оревовото дрво. Kога на крајот го издлаби, задоволно рече дека с` понатаму ќе оди полесно. Работеше дење-ноќе, не запираше.

На бочните страни од саркофагот, во средината, претставени се тогашните грбови на Македонија и на Југославија, а на задната страна врежана е симболична порака на македонското знаме „Смрт или слобода – од Револуционерниот комитет“. Kога резбата била завршена во саркофагот била вградена и лимена кутија набавена од еден лимар од Старата чаршија.

– С` беше готово за 21 ден бидејќи рокот беше многу кус. На крајот, го премачка со мешавина од шерлак и шпирт за да го заштити од инсекти кои може да почнат да го јадат дрвото. Испадна убаво и јас сега се гордеам со ова оти знам дека е неодминлив дел од македонската историја – наведува дедо Миле.

Саркофагот ќе биде еден од најважните артефакти и во новата поставка на спомен-собата на Гоце Делчев која сега се преуредува во комплексот на црквата „Свети Спас“.

Pо неговото загинување и првично погребување во село Баница во Егејска Македонија, останките до 1946 година се чуваа во Софија. По преземањето на  македонската делегација пеш тргнала кон Скопје. Пренесувањето на моштите траеше три дена – 7, 8 и 9 октомври и тоа беше проследено со илајдници луѓе што дошле да му оддадат почит кон македонскиот херој. На крајот, погребувањето во кругот на старата скопска црква се извршило на 10 октомври. 

Скопјанецот Панде Ефтимов минатата година раскажа за „Дневник“ дека смета оти половина од коските на Делчев с` уште се во Баница. За такво тврдење тој се повикува на раскажувањата на Гоцевите потомци од неговите сестри. Тие раскажале дека кога коските биле изложени во Софија во црквата „Света Недела“ во август 1923 година, семејството се уверило дека внатре во сандачето се само рацете, нозете и главата, а трупот го нема. Според оваа верзија, коските од трупот на војводата засекогаш останаа во Баница. Откако во 1906 година неговиот другар, војводата Михаил Чаков, заедно со Таската Серски го откопале гробот и ги зеле главата, рацете и нозете на Гоце Делчев, трупот го оставиле оти и по три години уште не бил распаднат. Потоа, никој никогаш не го зел остатокот од коските.

– Никаде, ама баш никаде нема доказ или сведоштво дека работата била завршена – наведува Ефтимов.

Целата сторија на – Дневник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1