Човекот што умре два пати – Лазаров синдром – Кога мртвите се будат


Повеќето од нас сигурно слушале за луѓе што умреле и потоа спонтано се вратиле меѓу живите. Можеби некој ќе рече дека тоа се само прикаски и измислици, меѓутоа модерната медицина веќе ја признала оваа крајно необична појава, која е наречена Лазаров синдром, во согласност со христијанското верување дека Исус го оживеал мртвиот Лазар.

(Малезиецот што умре двапати)

20120703-lazarov-sindrom Оваа необично ретка појава, позната и под името „самооживување по неуспешниот обид за кардиопулмонарно спасување“, се дефинира како спонтано враќање на циркулацијата во организмот, откако ќе пропаднат обидите за реанимација. Иако современата медицина нема јасен став за оваа појава, според некои научници, притисокот што се ствара во градниот кош, како резултат на обидот за реанимација, потоа се ослободува и му дозволува на срцето да „се прошири“, со што се активираат неговите електрични импулси и тоа почнува повторно да чука. Се споменуваат и некои други фактори, на кои нема да се задржуваме.

Од 1982 година до сега, најмалку 25 (а можеби и 39) лица доживеале Лазаров синдром.

Типичен пример е еден 27-годишен Британец, чие срце престанало како резултат на предозираност од кокаин и хероин. 25-минутните обиди за реанимација се покажале како неуспешни и пациентот бил прогласен за мртов. Само една минута подоцна, пулсот спонтано му се вратил и тој целосно се опоравил. Меѓутоа, додека врз него биле вршени обидите за спасување, мозокот вештачки добивал кислород, па и не е толку чудно што само една минута без кислород не оставила никакви последици.

telo smrt napustanjeДалеку понеобични се случаите кога „мртвите“ се враќаат по повеќе минути без пулс, ако се знае дека мозочна смрт обично настапува по само 4 до 5 минути без кислород. Таков е случајот со една млада Американка, која решила да се самоубие со огромна доза апчиња за спиење. Откако обидите за реанимација не успеале, 18-годишната девојка била прогласена за мртва. Седум минути подоцна, нејзиното срце спонтано почнало да работи и почнала самостојно да дише, иако од кома се разбудила пет дена подоцна. Многу е необично како тоа нејзиниот мозок успеал да живее 7 минути без кислород, кога на многу негови клетки им е потребно многу помалку време за да доживеат смрт.

Понатаму, многу интересен и трогателен е случајот на еден Малезиец, по име Н’г Ба Кија, кој на 14 април 2011 година, бил прогласен за мртов во болница, откако неговото срце престанало да работи. Неверојатно и чудесно, но два и пол часа подоцна, се вратил од мртвите и почнал да дише. Срцето на 65-годишниот човек престанало да работи кога бил дома, па веднаш бил пренесен во болница, каде лекарите цели 45 минути се обидувале да го вратат во живот. Не е јасно како по толку време, срцето само почнало да му работи. Како и да е, човекот починал две недели подоцна.

Лазаровиот синдром не треба да го мешаме со случаите кога некој ќе се врати во живот како резултат на долготрајните обиди за спасување: вештачко дишење и масажа на срцето и електрошокови. Во таквите ситуации, иако човекот не дише и нема пулс, мозокот се` уште добива кислород на вештачки начин.

Секако, постојат и многу стари записи, кои, доколку се точни, укажуваат на Лазаров синдром. Така, уште во 8 век, англискиот монах и историчар, Бијд, го запишал случајот на еден човек што умрел навечер и по неколку часа се вратил меѓу живите.

Денес медицинската литература препорачува, откако човек ќе биде прогласен за мртов, неговата „состојба“ да се следи барем уште пет до десет минути по смртта.

fakulteti.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1