ЧОВЕШТВОТО ВО ПРОБЛЕМ: За 25 години никој нема да сака да има секс!


И мажите и жените, по природа обожаваат секс. За тоа наголемо се пишува. На телевизија најгледани програми се оние на тема еротика и порнографија, а реалноста покажува дека луѓето се по ретко водат љубов.

Професорот за статистичка проценка на ризикот од Кембриџ, Дејвид Шпигелхалтер, подолго се позанимава со овој проблем, при што откри дека денешните Британци имаат помалку секс отколку пред дваесетина години.

seks

Во просек, денеска љубов се води четири пати неделно, а пред дваесетина години тоа се правело дури пет-шест пати. Од ваквиот феномен најмногу се погодени помладите, а луѓето од средна доба сеуште некако се држат.

-Едно од многуте објаснувања е дека денеска повеќето од луѓето живеаат сами без својот партнер. Но нашите резултати покажуваат дека сексуалната активност е намалена и кај оние што живеат под ист покрив, вели доктор Шпигелхалтер.

Тој смета дека све повеќе работи ќе ни го одземаат драгоценото време и ќе ни го скратат вниманието, што значи дека сексот ќе ни стане се помалку важен.

-Иако живееме во време во кое сексуалноста е на највисоко историско ниво, сепак љубов водиме све помалце. Доколку продолжи ваквиот тренд, може да се предвиди дека просечен човек до 2040 година воопшто нема да има секс, прогнозира професорот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1