Чудо: 2 год детенце го преживеа падот на авионот (Видео)


Во страотната авионска несреќа што се случи во главниот град на Тајван, 16 лица се спасени откако авион удри во мост и падна во река.

Меѓу преживеаните е и едно двегодишно дете.Screenshot_28

Во авионот имало 53 патници и петмина членови на екипаж. Од нив 23 се загинати, а по 20 се уште се трага. Веднаш по несреќата започна спасувачка операција за извлекување на преживеаните и загинатите од трупот на авионот кој падна во река.

Уривањето на авионот е снимено со камера од страна на возач, кој поминувал по мостот во моментот на ударот од страна на авионот.

Засега не е познато зошто авионот се урнал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1