Хорор за секоја мајка: Се породила во ходник, сестрите го влечеле паднатото бебе (ВИДЕО+18)


Машко новороденче починало откако се родило додека неговата мајка со инвалидска количка ја носеле во операциона сала, а сестрите без да го видат роденото бебе го влечеле по подот.

Новороденото бебе се здобило со фатални повреди на главата кога мајката го родила додека седела во количката, а потоа било влечено под количката неколку метри кога сестрите забележале дека тоа е на подот.klinika-bebe

Мајката на бебто, 45-годишната Шанг Шао од централната кинеска провинција Хенан била донесена во болница со болки поради што лекарите одлучиле да ја породат со царски рез.

Таа била во бремена седми месец кога и пукнал водењакот, и веднаш од страна на партнерот била пренесена во болница.

Целата драма потоа е снимена од безбедносните камери во болницата и на снимките се гледа дека бебето врзано со папочната врвца, виси со главата надолу и го допира подот од ходникот. Тоа така е влечено неколку метри кога сестрите забележале крвава трага зад количката и го пронашле новороденчето. Тоа се уште давало знаци на живот, но поради тешките повреди починало кратко потоа на интензивна нега.

Лекарот кој предложил породување со царски рез е суспендиран од работа, а диспциплински се казнети и медицинските сестри кои биле околу пациентката, а не го забележале бебето.

Видеото е со вознемирувачка содржина:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1