Сведоците на оваа ужасна несреќа што се случила во средата навечер тврдат дека бремена жена на мотор од утробата го исфрлила своето дете три метри подалеку од себе, додека таа умирала, пишува Дејли Мејл.
Несреќата се случила во кинеската провинција Фуџијан кога бремената Ванг Чау (40) и нејзиниот сопруг Мао (42) тргнале во породилното одделение на локалната болница. Во нив удруло друго возило, а детето од силината на ударот излетало од утробата на мајка му.
Некои медиуми пак, пишуваат поинаку. Тие тврдат дека жената се породила веднаш по несреќата, таа родила здраво дете, тешко дури и 4,5 килограми, а потоа умрела. Нејзиниот сопруг, исто така, починал, а детето е пренесено во болницата во близина.
– Тешко да се утврди како сето тоа се случило, бидејќи ние немаме доволно податоци. Точно е дека некои од сведоците на несреќата, изјавила дека детето излетало од стомакот на мајката – изјавил претставникот на полицијата, Чан Чјен.
– Од семејството дознавме дека жената добила породилни болки и нејзиниот сопруг одлучил да ја одвезе до болницата на мотор. Да ја почекал брзата помош, сè ќе било поинаку – вели Чјен.
Полицијата потврдила и дека е уапсен 45 – годишниот возач, кој свтрувајќи од главната улица удрил во мотоциклот на брачната двојка.
– Детето е во добра состојба. Има неколку мали гребнатини и ќе остане во болница неколку дена. Потоа, доколку сакаат, неговите роднини може да го земат – вели д-р Куан Јин – фан.